Како платформата функционира за снабдувачите

Пет едноставни чекори до склучување договор со потрошувачите

1. Регистрирајте се бесплатно и креирајте сметка

Секој лиценциран снабдувач на електрична енергија може бесплатно да се регистрира на платформата и да добива барања за кои ќе учествува во лицитации. Во зависност од своите потреби, снабдувачот може да одбере еден од пакетите што ги нуди Energy Premier.

2. Проверете ги барањата креирани од потрошувачите

Секој регистриран снабдувач добива известувања за новите креирани барања и одлучува дали ќе учествува во лицитацијата со давање своја понуда или не. Во случај да одлучи да учествува, снабдувачот мора прво да го прифати даденото барање.

3. Управувајте со трговците кои даваат понуди за барањата

Откако ќе потврди дека ќе учествува во давањето понуди, секој снабдувач може да креира еден или повеќе трговци во својот профил, кои може да бидат одвоени во категории по кои ќе учествуваат во лицитациите. Снабдувачот може да си дефинира минимална и максимална дозволена цена за секој трговец и секое барање. Трговците се задолжени да учествуваат во лицитациите за кои добиле овластување.

4. Прегледајте ги Вашите успешни понуди

Трговците учествуваат во лицитацијата од 11ч до 14ч на одредениот датум за лицитирање, а доколку некој понуди последна цена во периодот од две минути пред истекување на времето за лицитација (14ч), рокот се продолжува сѐ додека не поминат две минути од последната понуда. Трговците и потрошувачите може да гледаат која понуда е последна, која цена е најдобра, но не може да видат кој снабдувач ја понудил таа цена.

5. Склучувајте договори со потрошувачите

Кога ќе поминат последните две минути од последната понуда, лицитацијата автоматски се затвора и се испраќа извештај со сите информации за барањето (на пр. кој снабдувач понудил најниска цена) до сите учесници во лицитацијата, вклучувајќи го и подносителот на барањето. Снабдувачот што победил треба да му испрати комплетна документација на потрошувачот.

Започнете бесплатно уште денес

Регистрирајте се како снабдувач или потрошувач и разгледајте ги сите можности кои Energy Premier им ги нуди на своите клиенти. Поволности за сите учесници во трговијата со електрична енергија. Креирајте сметка