About us

Ние сме енергетски пионери

Токму така - пионери кои сакаат да го променат начинот на купување и продажба на енергија до крајните потрошувачи. Преку долгогодишното искуство со малопродажбата на енергија ги видовме сите предности, но и сите недостатоци на трговијата со енергија и поради тоа создадовме иновативен систем ефикасен и за снабдувачите на електрична енергија и за крајните потрошувачи.

Живееме во време кога технологијата прави огромни промени во нашите животи и во начинот на којшто работиме, па затоа треба да бидеме во тек со сите промени. Промената на трендовите во енергетскиот пазар и технолошките модели се главните причини за појавата на Energy Premier. Имплементација на сите овие промени на една единствена платформа им овозможува на учесниците да ја завршат својата работа на најдобар можен начин.

Снабдувачите имаат можност да прават договори по најповолни цени и да го балансираат своето портфолио на потрошувачка. Од друга страна, за многу кратко време, потрошувачите можат да го добијат најдобриот договор и најдобрата цена според нивните потреби.

Со овие докази, имаме храброст да кажеме дека ние сме енергетски пионери кои го редефинираат начинот на купување и продавање енергија на мало низ целиот свет!
Нашиот посветен тим го комбинира искуството за електрична енергија на големо и мало со најновите дигитални технологии.

Ние им обезбедуваме бројни и сеопфатни решенија и услуги на нашите клиенти, снабдувачи и потрошувачи - управување со средства, управување со потрошувачката, управување со енергијата на продажби, балансирање и управување со ризици.

Energy Premier About

Иновациите го движат нашето работење

Нашата цел не дефинира како компанија и како поединци кои промовираат различна деловна рамка која се базира на создавање вредности за сите учесници - нашиот тим, нашите клиенти и општеството во кое работиме.

Нашите основни вредности остануваат суштината на нашиот бизнис и отсекогаш биле во срцето на Energy Premier. Ние постојано се стремиме да создадеме уникатна, разновидна и динамична култура на нашите вредности и секогаш промовираме:

  • Иновативноста на нашите услуги
  • Постојани промени за развој
  • Од идеја до реализација
  • Создавање вредности за нашите клиенти
  • Создавање идеална средина за напредок на нашите вработени

Баш така, Energy Premier сака да бидете сигурни дека одлуката што сте ја донеле за купување електрична енергија е најдоброто решение за вас!

Едно е сигурно

Ние сакаме да ви помогнеме, вашиот успех е наш успех. Ако во кое било време не сте задоволни, ќе ви ги вратиме вашите пари без никакви прашања.

Започнете бесплатно уште денес